Како што дознава „Гоал“ фудбалерите на Реал Мадрид, Серхио Рамос, Марсело и Лука Модриќ имале мисија наречена „спасување“ на Кристиано Роналдо.
Според информациите на реномираниот медиум овие тројца после сите проблеми одлучиле да го развеселат Португалецот и за тоа имале навистина одличен план.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо настрада во натпреварот против Депортиво, заработи исекоти покрај окото, а тоа се случи откако постигна два погодоци. Меѓутоа пред овој натпревар Португалецот беше пред силни критики од јавноста поради неубедливите настапи. Поради тоа се почести беа и гласините дека ќе го напушти Мадрид.
Имено, соиграчите одлучиле да го изненадат Роналдо со заедничка вечера. Новинарот Хозе Рамон Де Ла Морена тврди дека на оваа вечера присуствувале и нивните партнерки Пилар Рубио, Кларисе Алвес, Вања Модриќ, како и девојката на Роналдо Георгина Родригез, а местото на оваа вечера бил домот на мајката на Роналдо, Долорес Авеиро.
Како што се наведува оваа „тројка“ сметала дека најбрзо ќе го развеселат Роналдо доколку му дадат до знаење дека тој и понатаму е најважниот фудбалер на „кралевите“.