Дома Фудбал Гвардиола: Сега ќе се фокусираме на Премиер лигата!

Гвардиола: Сега ќе се фокусираме на Премиер лигата!

Манчестер Сити ја оствари првичната цел оваа сезона и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а Пеп Гвардиола изјави дека сега ќе се насочи исклучиво на првенството.

„Се пласиравме понатаму и тоа е најважно. Големо браво за сите фудбалери за севкупната презентација досега. Во моментов имаме во џеб пласман до февруари, па сега може да се фокусираме на настапот само во една насока -Премиер лигата“, рече Пеп Гвардиола.

„Заостанувавме во резултатот, но за среќа успеавме да израмниме уште во првото полувреме. Во вторите 45 минути не се претставивме добро, но црвениот картон на Фернандињо ги промени работите. Клубот и овие играчи се толку нови за Европа, па со натпревари како овој стануваме подобри. Ние треба да играме во Лигата на Шампионите, исто како и во Англија. Понекогаш си веруваме, друг пат не, но најважно е дека продолжуваме напред“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…