Дома Трансфер зона Деулофеу сака само во еден клуб, а тоа е…

Деулофеу сака само во еден клуб, а тоа е…

Жерард Деулофеу минатото лето се врати во Барселона, но најверојатно после само шест месеци ќе го напушти „Камп Ноу“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Деулофеу не може да се избори со големата конкуренција во Барселона, па е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

За него силен интерес покажуваа италијанските гиганти Интер, Наполи и Рома, но Шпанецот преферира преселба во Милан, каде минатата сезона одигра фантастично.

„Кориере дела Сера“ пренесува дека Шпанецот останал во контакт со поранешните соиграчи и им соопштил дека сака трансфер на „Сан Сиро“.

Проблем е што Милан во моментов не е заинтересиран да го врати крилниот напаѓач, а „росонерите“ во неколку наврати потврдија дека нема да пазарат во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…