Ливерпул синоќа загуби на гостувањето кај Свонси, а менаџерот на „лебедите“, Карлос Кавахал го даде можеби најадекватниот опис за тимот на Јирген Клоп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последнопласираниот тим во Премиер лигата со гранитна одбрана и контранапади успеа да го победи Ливерпул.
„Им кажав на моите играчи дека Ливерпул е врвен тим, дека се силни, но и дека се како болид на Формула 1. Доколку болид на Формула 1 ставите во градскиот метеж на Лондон тој нема да може да се движи брзо и ќе биде како и сите други автомобили. Кога се во брзина тоа е проблем, не смееш да им го отвориш патот“, изјави Карвахал.
„Тоа е она што им го кажав на моите играчи, да ја умртват играта, да не дозволат Ливерпул да го наметне својот стил. Имавме среќа што постигнавме гол и потоа издржавме до крајот. Ова навистина не е начин на кој ние сакаме да играме, но беше добар избор за овој меч против исклучително силен тим. Моите играчи беа гладијатори и на крајот извојуваа победа“, заклучи менаџерот на Свонси.