Дома Трансфер зона ВИДЕО: Михтаријан „случајно“ најави уште едно ГОЛЕМО засилување во Арсенал?

ВИДЕО: Михтаријан „случајно“ најави уште едно ГОЛЕМО засилување во Арсенал?

Хенрик Михтаријан синоќа и официјално стана нов фудбалер на Арсенал, а изгледа дека ерменскиот играч за врска нема да биде единственото засилување за „Топчиите“ во јануарскиот трансфер период.

Арсенал остана без Алексис Санчез кој во претходните сезони беше најдобриот играч на „Топчиите“, но изгледа дека Арсен Венгер веќе пронајде решение во нападот. Имено, на метата на Арсенал се наоѓа одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Михтаријан синоќа беше претставен како ново засилување, а наводно „случајно“ откри дека на „Емирати“ во следните денови ќе притигне и неговиот поранешен соиграч од Дортмунд. Наводно, Ерменецот на видеото на претставувањето рече: „Еј Пјер, сакаш ли да дојдеш овде?“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…