Главен приоритет на Челзи во зимскиот преоден рок е да доведе напаѓач кој ќе може да биде алтернатива на Алваро Мората.
Главна цела на Антонио Конте е напаѓачот на Рома, Един Џеко за кого веќе почнаа преговори, а доколку не успеат да го донесат Босанецот ќе се насочат кон напаѓачот на Барнли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека „сините“ се насочуваат кон ангажман на Ешли Барнс, а тоа е големо изненадување бидејќи тој и во Барнли не е прв напаѓач.
Барнс има 28 години и оваа сезона постигна само три гола во Премиер лигата, па јасно е зошто навивачите се разочарани од ваквиот потег на управата.
Сепак, прва мета на Челзи е Един Џеко за кого веќе водат преговори со Рома, но напаѓачот е во Милано и вечерва ќе биде стартер против Интер.
SKY SOURCES: @ChelseaFC interested in signing @BurnleyOfficial striker Ashley Barnes. #SSN pic.twitter.com/T5SqVfqwq8
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 21, 2018