Дома Фудбал Англија Мурињо го потврди трансферот на Санчез: Нема зошто да криеме!

Мурињо го потврди трансферот на Санчез: Нема зошто да криеме!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја коментираше трансферната сага помеѓу „црвените ѓаволи“ и Арсенал во која се вклучени Алексис Санчез и Хенрих Михтаријан.

Португалецот потврди дека преговорите се во напредната фаза и истакна дека нема потреба да се крие и негира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нема ништо ново. Сите знаат каква е ситуацијата во која се наоѓаме, особено после изјавата на Венгер. Нема смисма да криеме и одрекуваме. Меѓутоа се уште зделката не е комплетирана, во овој момент Михтаријан е наш играч, а Алексис е фудбалер на Арсенал“, истакна Мурињо.

„Луѓето мислат дека менаџерите се одговорни за трансферите, но вистината е дека не е така. Јас сум спокоен и само чекам нови вести, ништо повеќе од тоа. Меѓутоа, јас сакам да ја исклучам таа ситуација и да се насочам кон утрешниот натпревар“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…