Раководството на Интер веќе неколку дена беше во интензивни преговори со Барселона за трансфер на играчот за врска, Рафиња Алкантара.
Италијанските медиуми синоќа пренесоа дека „нероаѕурите“ доставиле нова, побогата понуда за плејмејкерот и дека се чека само одговор од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Интер за Рафиња понуди позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп за 35 милиони евра следното лето.
Последните информации од Апенините тврат дека Барселона ја прифатила понудата и се чека играчот викендов да пристигне на „Џуземе Меаца“.
Il @FCBarcelona_es ha detto si al prestito di #Rafinha all’@Inter ..Affare in via di definizione @PremiumSportHD tra poco live aggiornamenti su #calciomercatopremium pic.twitter.com/Jqz83N5wua
— claudio raimondi (@c_raimondi) January 19, 2018