Дома Останати Роналдо номиниран за „Најдобар спортист во светот“: Ова се кандидатите!

Роналдо номиниран за „Најдобар спортист во светот“: Ова се кандидатите!

И покрај силните критики кои упатуваат на негова сметка во последно време, Кристиано Роналдо продолжува да добива признанија за фантастичната 2017 година.

Ѕвездата на Реал Мадрид беше номониран за спортските Оскари „Laureus“ во категоријата „Најдобар спортист на светот“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Конкуренти на Португалецот ќе му бидат тенисерите Роџер Федерер и Рафа Надал, пилотот од Ф1 Луис Хамилтон, атлетчарот Мо Фара и победникот на Тур д Франс, Крис Фрум.

Наградата се доделува од 1999 година, но никогаш не ја освоил фудбалер. Минатата година за „Најдобар спортист во светот“ беше избран Усеин Болт.

Реал Мадрид е номиниран во категоријата „Тим на годината“ заедно со Голден Стејт, францускиот „Дејвис Куп“ тим, Њу Ингланд и тимот на „Мерцедес“ од Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…