Дома Македонски спорт Мак ракомет Миркуловски : Нема штедење, одиме на победа и против Германија!

Миркуловски : Нема штедење, одиме на победа и против Германија!

Филип Миркуловски иако повреден беше ставен во игра на синоќешниот дуел со Црна Гора некаде на средината на првото полувреме и со неговото влегување Македонија заигра подобро и ја анулира предноста на противникот која на моменти изнесуваше три погодоци.

Централниот бек е задоволен од прикажаното во досегашниот дел од шампионатот и најави игра на победа и против Германија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Знаевме дека ќе биде тешко со Црна Гора, иако многумина предвреме ни ги доделија бодовите. Честитки за Филип Лазаров кој на двата дуела ги постигна клучните голови. Неодамна реков дека дуелот со Германија може да биде за прво место во групата. Ние пренесуваме најмалку два бода во следната фаза. Со Германија одиме на победа и на прво место, истакна Миркуловски.

Дуелот Македонија – Германија во 3.коло од Ц-групата на програмата е утре од 18:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Португалец е најновото засилување за Вардар!

Повремениот репрезентативец на Португалија, Мигуел Пинто (25) е нов член на Вардар. Тој ќе…