Авантурата на Винченцо Монтела во Севиља не започна на најдобар можен начин, па уште на стартот имаше проблем со навивачите на клубот од Андалузија.
Минатата недела Севиља беше поразена во градското дерби од Бетис, а вчера загуби и на гостивањето кај Алавес, што додатно ја поткрена нервозата кај фановит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според шпанските медиуми утрово група од 20 фанови се појавиле во тренинг кампот и имаше жесток разговор со Монтела, капитенот Николас Парехо и неколкумина други фудбалери.
Меѓутоа, полицијата била предупредена па на местото имало и униформирани лица кои спречиле напад на навивачите, кои после половина час го напуштиле тренинг кампот.
Севиља е во многу лоша серија, на последните пет натпревари во Примера има освоено само 1 бод, а нема победа од 2-ри декември.
Ultras confront Montella and Sevilla players following 1-0 defeat to Alaves https://t.co/JB6IztQBMR
— La Liga News (@LaLiga_News_en) January 15, 2018