Нејмар минатото лето стана најскапиот фудбалер на сите времиња откако за сума од 222 милиони евра се пресели во Пари Сент Жермен.
Нејмар и понатаму е главна тема во сите медиуми, го критикуваат, пиштуваат дека не е среќен во Париз и дека спрема трансфер во Реал, а тој самиот се чуди од каде доаѓаат сите тие шпекулации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постојат луѓе кои те сакаат и кои ќе те мразат и тогаш кога си најдобар човек на светот. Тука ништо не можеш да промениш, само ја спушташ главата и се молиш“, изјави Нејмар.
„Не се знае кој е полуд, тие кои пишуваат и се измислуваат, тие кои веруваат во тоа или јас кој се нервирам поради тоа“, додаде Бразилецот.
Неодамна медиумите го обвинија за циркус поради прославата на голот протов Амиенс, кога ја стави копачката на глава.
„Тоа беше само облог со еден другар, не гледам зошто им смета тоа“, објасни ѕвездата на ПСЖ.