Македонската ракометна репрезентација вечерва во Загреб против Црна Гора ќе го игра својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска. Македонија имаше успешен старт и победа над Словенија во саботата, па со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза.
Победа за „црвено-жолтите“ ќе значи и пренесување најмалку два бода во следниот сегмент што би значело и зголемување на шансите за висок пласман.Од друга страна, Црна Гора во 1.коло претрпе убедлив пораз од Германија (19:32) и е под императив да не го заби натпреварот. Избраниците на Раул Гонзлаес на овој дуел влегуваат како фаворити, но селекторот, исто како и капитенот Кирил Лазаров, повеќе пати апелираа да не се потцени противникот во никој случај и да се заборави победата над Словенија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Средбата Македонија – Црна Гора во „Арена Загреб“ почнува во 20 часот и 30 минути. Во првиот натпревар од 2.коло во Ц-групата, од 18 часот играат Словенија и Германија. Двата натпревари низ директен пренос на ТВ Телма.