„Како гром од ведро небо“ во текот на вчерашниот ден се појави веста дека Манчестер Јунајтед ќе тргне по потписот на Алексис Санчез, а денес пристигнуваат и нови информации.
Санчез уште од финишот на минатиот преоден рок се поврзвуваше со трансфер во редовире на Манчестер Сити, но работите изгледа се променија за само еден ден. Сега како прв фаворит за доведување на Чилеанецот се истакнува големиот градски ривал на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес, „Скај Италија“ пренесува дека напаѓачот на Арсенал ги договорил личните услови со тимот на Жозе Мурињо и сега преостанува да биде постигнат договорот помеѓу двата англиски гиганти.
BREAKING: Manchester United are close to a personal agreement with Alexis Sanchez. After that, they will negotiate with Arsenal to complete the transfer. [Sky Italy] pic.twitter.com/27MYGfif6W
— Transfer Related (@TransferRelated) January 12, 2018
Доколку, трансферот биде реализиран и Санчез се пресели на „Олд Трафорд“ сигурно дека би бил најизненадувачкиот трансфер во овој преоден рок, барем до овој момент. Да потсетиме, договорот на Чилеанецот со „топчиите“ истекува на крајот на оваа сезона, а понудата која се очекува да ја испратат „ѓаволите“ изнесува помеѓу 20 и 25 милиони фунти, а во некои медиуми се пишуваше и дека Мурињо би можел да го вклучи и Хенрик Микхатријан.