Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва после натпреварот во купот против Амиен излезе со интересна изјава за судбината на фудбалерот од средниот ред на „светците“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, според зборовите на Силва, Пасторе побарал од клубот да биде продаден.
„Мислам дека соопшти на клубот дека сака да си замине, но на крајот не постигнаа договор“, изјави Силва.
Значи, јасно дека поранешниот фудбалер на Палермо сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа со цел да се наметне кај селекторот на Аргентина за Мундијалот во Русија кој ќе се игра наредното лето.
Од друга страна, техничкиот директор на Интер, Валтер Сабатини се обидува да го доведе популарниот „Ел Фако“.