Дома Фудбал Германија Ќе остане ли Хејнкес во Баерн – Еве го одговорот!

Ќе остане ли Хејнкес во Баерн – Еве го одговорот!

Искусниот стручњак го превзема кормилото од Баварците на почетокот од сезоната откако отказ заработи Карло Анчелоти и за кратко време успеа да го врати Баерн на вистинскиот пат.

Тренерот на Баерн денес повтори дека нема да го продолжи договорот , но управата и фудбалерите се обидуваат да го убедат тој да го промени мислењето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После првиот дел од сезоната Баерн има 11 бодови предност во однос на второпласираниот Шалке, на екипа добро и оди и во купот на Германија и во Лигата на шампионите.

Хејнкес се врати од пензија во септември кога изјави дека е тука да му направи услуга на клубот во тешки моменти и дека нема да остане по завршувањето на сезоната.

„Веќе кажав се што имав на таа тема. Не сакам да кажам ништо друго“, изјави Хејнкес.

Од друга страна пак фудбалерите и управата на клубот прават се за да го задржат искусниот стратег.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…