Дома Ракомет Револуција на ЕП во Хрватска: Видеотехнологија во ракометот!

Револуција на ЕП во Хрватска: Видеотехнологија во ракометот!

На претстојното Европско првенство во ракомет, во Хрватска, за прв пат судиите ќе ја имаат помошта на видеотехнологијата.

Следејќи го примерот на другите спортови, судиите на првенството, кое ќе почне на 12 јануари, ќе можат да ја користат видеотехнолигијата при проценката на сомнителните ситуации.

На записничката маса ќе стои екран кој ќе биде достапен само за арбитрите, каде што тие ќе можат да ја прегледуваат видеоснимката од спорната ситуација.

Во петок Хрватска и Србија, во Сплит, ќе го отворат Европското првенство. Македонија, која исто така учествува на првенството, првиот натпревар ќе го одигра в сабота против Словенија, а потоа ќе игра и против Црна Гора (15 јануари), односно Германија (17 јануари).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Стојановска го испиша првото македонско поглавје на велокрос-ЕП

Далија Стојановска заврши на 46. место во јуниорската трка во Зедам, со што Македонија прв…