Веќе е јасно дека иднината на Алексис Санчез ќе биде во Манчестер Сити, но „граѓаните“ го сакат напаѓачот веднаш, а не на крајот на сезоната.
Договорот на Санчез со Арсенал истекува на крајот на сезоната, Чилеанецот веќе има договор со Манчестер Сити, а „граѓаните“ веќе спремиле понуда за да го доведат веднаш на „Етихад“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити е спремен да понуди 35 милиони фунти, а англиските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двата клуба започнале во петокот.
Чилеанецот до колку трансферот биде реализиран ќе има право на настап и во Лигата на шампионите, бидејќи во првиот дел од сезоната со Арсенал играше во Лига Европа.
Се очекува „топџиите“ да ја прифатат понудата бидејќи во спротивно ќе го загубат Санчез без обештетување на крајот на сезоната.
Manchester City and Arsenal have been negotiating since Friday over the transfer of Alexis Sánchez. Arsenal want £35m. Man City want to lower that. A deal is on the verge of being agreed. (Source: GOAL) pic.twitter.com/msEWCORYde
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2018