Реал Мадрид одигра реми (2:2) против Селта на „Балаидос“ и додатно се оддалечи од лидерот на табелата, тимот на Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Виго бледата партија на Реал не заврши со пораз благодарение на двете добри напаѓачки реакции на Герет Бејл и голманот Кејлор Навас кој во 72.минута при резултат 1:2 му одбрани пенал на најдобриот стрелец на Селта Јаго Аспас.
Даниел Вајс го постигна првиот гол на натпреварот во 33-та минута. Данецот со ефектен лоб удар на брилијантен начин заврши еден контранапад на својот тим.
Следуваше блиц криг на Реал, два гола во интервал од 120 секунди и два пати стрелец беше Герет Бејл. Велшанецот во 36 и 38 минута во гол ги претвори асистенциите на Крос и Иско.
Селта имаше можност да израмни во 72.минута, но Аспас не успеа да реализира пенал, а до заслужениот бод домажните фудбалери стигнаа десет минути подцна преку Уругваецот Макси Гомес.