Дома Актуелно Нотингем Форест му даде четири гола на Арсенал и го исфрли од ФА Купот

Нотингем Форест му даде четири гола на Арсенал и го исфрли од ФА Купот

Фудбалерите на Нотингем Форест го исфрлија Арсенал од ФА Купот откако денеска славеа на домашен терен со 4:2.

Домашниот тим дојде до водство после 20 минути игра и тоа со погодок на десниот бек Личај. Сепак, три минути подоцна Мертесакер ги врати работите на почеток. Пред самиот крај на првиот дел Нотингем повторно успеа да дојде до водство, а повторно стрелец беше Личај. Овојпат тоа го направи на спектакуларен начин, а Давид Оспина само со поглед ја проследи топката кон мрежата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во второто полувреме видовме многу возбудувања и голови. Се започна во 64. минута кога Бреретон постигна гол од пенал и ја зголеми предноста на 3:1. Сепак, гостите се вратија во натпреварот кога голема грешка направи голманот на домаќините, а тоа го искористи Дани Велбек и намали на 3:2.

Нотингем ја потврди победата со погодок од пенал во 85. минута од натпреварот. Домашниот тим натпреварот го завршија со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Ворал во 89. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…