Дома Фудбал Барса го „надигра“ Реал во борбата за пари од ТВ права

Барса го „надигра“ Реал во борбата за пари од ТВ права

Шпанската Ла Лига ги објави податоците за приходите кои клубовите ги добиле од телевизиските прва за минатата година, според кои најголема заработка има Барселона, додека шпанскиот и европскиот шампион Реал Мадрид добил 6 милиони евра помалку.

Моментално првопласираниот тим на табелата во Примера, Барселона минатата година од ТВ права заработила 146,2 милиони евра, додека Реал Мадрид точно 140 милиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите 20 клубови од Ла Лига оствариле приход од вкупно 1,247 милијарди евра од ТВ права, што е за 10 милиони евра повеќе во однос на 2016 година.

Парите од ТВ правата во шпанската прва лига се делат по основ на остварени резултати во изминатите пет сезони, што најмногу им оди во прилог на Каталонците, кои беа шампиони 3 пати во тој период.

Атлетико Мадрид кој беше шампион во 2014 година заработил 99 милиони евра, додека на четврто место е Атлетик Билбао со 71 милион евра.

Леганес, кој во 2016 година избори пласман во Примера, доби најмалку, односно 39,3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…