Италијанскиот гигант Милан го објави „вистинското големо засилување“ во јануарскиот преоден рок на својот официјален сајт, но тоа сигурно не е она што фановите го очекуваа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштението на „росонерите“ се посочива дека „вистинското засиливање“ е всушност Андреа Конти, кој ќе се врати на терените после повредата на коленото која ја доживеа во септември.
Conti will be back between the end of January or by the start of February for Milan. [Sky] pic.twitter.com/CBOPinIqEK
— TheMilanBible (@TheMilanBible) January 2, 2018
Конти минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување од Аталанта за 24 милиони евра, но веднаш доживеа повреда и одигра само неколку натпревари за „росонерите“ до сега.
Десниот бек и италијански репрезентативец добро се опоравува од повредата и се очекува на терените да се врати кон крајот на месецот, па поради тоа „росонерите“ во него гледаат како на ново засилување.