Шпанскиот фудбалер од редовите на Манчестер Сити денес се огласи за причината поради која отсуства од терените и со тоа навистина го шокираше светот!
Давид Силва преку друштвените мрежи ја откри вистинската причина поради која е надвор од терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот имаше семејни проблеми и поради тоа Пеп Гвардиола не сакаше да открива ништо повеќе, ниту пак откриваше кога тој ќе се врати.
„Сакам да се заблагодарам на сите убави пораки и желби кои ги добив во последните неколку недели. Посебна благодарност сакам да истаканм до соиграчите, менаџерот и сите во клубот бидејќи имаа разбирање за мојата ситуација. Исто така сакам со вас да ја сподела вест за мојот прерано роден син Матео кој се бори за својот живот од ден во ден“, напиша Силва.
По ова негово соопштение стана јасно зошто фудбалерот од 23 декември не е во составот на Манчестер Сити.
COMUNICADO OFICIAL: pic.twitter.com/8Ooaef92ro
— David Silva (@21LVA) January 3, 2018