Дома Фудбал Останато Меси отворено: Во мојот дом ретко зборуваме за фудбалот, некогаш посакувам да не бев толку познат

Меси отворено: Во мојот дом ретко зборуваме за фудбалот, некогаш посакувам да не бев толку познат

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, многумина го сметаат и за најдобар, а тој за себе смета дека се уште има делови од играта кои треба да ги подобри, но и за својот живот надвор од фудбалот.

„Постојат делови од играта кои не сум ги довел до максиум, јас тежнеам кон совршенство. Пример пеналите. На нив морам се уште да работам“, изјави Меси.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Аргентинецот потоа беше запрашан за своите планови по завршувањето на кариерата.

„Немам чуство за тренерска работа и затоа веројатно нема да тоа да го работам. Но кој знае се уште имам време, можеби ќе го променам мислењето. Во мојот дом ретко зборуваме за фудбалот, мора да се случи нешто навистина посебно за тоа да биде тема на семејниот ручек“, зборуваше Меси.

„Понекогаш посакувам да не сум толку познат и да можам слободно да одам по улица без повчекување за ракавот на секој чекор“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Насилници провалиле во куќа на фудбалска ѕвезда додека бил во неа со семејството – морал да се брани со нож!

Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани п…