Дома Останати Ракометарката на Вардар ја игра својата последна сезона

Ракометарката на Вардар ја игра својата последна сезона

Ракометарката на Вардар и најдобра ракометарка во Хрватска, Андреа Пенезиќ одлучи да стави крај на својата кариера.

Пенезиќ со Вардар минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите каде што нашиот претставник беше поразен од Ѓер со 31:30, а оваа сезона ќе има нова прилика за титула во ова европско натпреварување, што за Пенезиќ би бил фантастичен крај на кариерата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Андреа во Вардар пристигна од словенски Крим, а претходно го носеше дресот и на Подравка. Интересно е што се работи за навистина фантастична ракометарка која во својата кариера се уште не се израдувала на ниту еден трофеј во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар работи со полна пареа, падна важен потпис!

РК Вардар ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес д…