Дома Топ вести Помина само еден ден, а веќе се потрошени повеќе од 250 милиони евра на трансфери

Помина само еден ден, а веќе се потрошени повеќе од 250 милиони евра на трансфери

Вчера и официјално започна зимскиот преоден рок, а клубовите ширум Европа веќе потрошиле над 250. милиони евра.

Не очекува уште еден возбудлив јануари во кој веќе се остварени неколку големи трансфери. Некои беа договорени уште од порано, но се официјализирани вчера кога и официјално започна преодниот рок.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Рекордниот трансфер го направи Ливерпул, кој конечно успеа во своите редови да го донесе Вирџил Ван Дијк, за кој платија скоро 80. милиони евра. Добри вести се дека после пола година на теренот ќе се врати и Диего Коста кој официјално стана нов играч на Атлетико Мадрид.

Овој напаѓач одлучи да го напушти Челси, кој прифати да не игра дури шест месеци бидејќи Атлетико неможеше да регистрира нови играчи. Атлетико за Коста издвои околу 60 милиони евра.

Во првиот ден од трансфер рокот својата работа ја заврши и Баерн кој од Хофенхајм го донесе напаѓачот Сандро Вагнер за 13 милиони евра.

Исто така, вчера беа реализирани трансферите и на: Ромеро во ПСЖ за 10 мил. евра, Валтер Монтоја од Севиља во Крул Азул за 5.5 мил., Карлос Вела од ЛА Галакси во Реал Сосиедад за 5 милиони евра, Марио Гомез од Волфсбург во Штутгард за три милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …