Дома Фудбал Останато Познато името на човекот кој ќе ја предводи Србија на престојниот Мундијал во Русија

Познато името на човекот кој ќе ја предводи Србија на престојниот Мундијал во Русија

Новиот селектор на српската фудбалска селекција е Младен Крстајиќ. Тој пристигна на местото од Славољуб Муслин кој заработи отказ од федерацијата иако обезбеди пласман за Србија на Светското првенство во Русија.

Некогашниот дефанзивец на Ведерер Бремен, Шалке и Партизан досега не бил тренер, а единственото искуство со кое се соочил е помошник токму на Славољуб Муслин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата прва задача е повеќе од предизвик. Тој ќе ја предводи Србија на Мундијалот во Русија.

„Младен Крстајиќ ја доби нашата доверба да ја води српската репрезентација заклучно со Светското првенство во Русија. За деталите од договорот ќе разговараме по празниците кога ќе биде и неговата официјална промоција. Во секој случај тој и дефинитивно ќе биде нашиот селектор“, изјави потпретседателот на Сручниот одбор, Горан Буњевчевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…