Дома Топ вести Клоп го пушта Кутињо во јануари, но за возврат го бара фудбалерот од средината!?

Клоп го пушта Кутињо во јануари, но за возврат го бара фудбалерот од средината!?

Како и што се очекуваше, како што се наближува јануари, Фелипе Кутињо повторно на големо се поврзува со трансфер во редовите на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На почетокот се шпекулираше дека Ливерпул би го пуштил Кутињо за сума од 150 милиони евра, сега се појавуваат информации дека Клоп би можел да се откаже од услугите на Бразилецот и доколку во спротивен правец тргне Серхио Роберто.

Утрово, „Спорт“ го пренесе планот на Барселона кој вклучува продажба на петмина фудбалери со цел да се обезбедат средства за Гризман и Кутињо, но на трансфер листата не се најде името на посакуваниот фудбалер на Клоп. Повеќе за ова може да прочитате ТУКА.

Сепак, како што открива „Дон Балон“, а пренесуваат англиските медиуми, Барселона би можела да прифати ваков вид на договор, но не е познато колку Роберто имал желба да се пресели на „Енфилд“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…