Дома Фудбал Мендеш го победи Раиола: Португалецот избран за најдобар агент во светот!

Мендеш го победи Раиола: Португалецот избран за најдобар агент во светот!

Агентот на Кристиано Роналдо и Жозе Мурињо, Жорге Мендеш по рекорден седми пат ја доби нагдарата за најдобар менаџер за 2017 година од според „Globe Soccer Awards“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На церемонијата во Дубаи Португалецот беше избран за најдобар во светот, а во осумгодишната историја на овие награди само еднаш, во 2016 година, Мино Раиола беше избран за менаџер на годината.

Во 2017 година најголемото постигнување на Мендеш беше новиот богат договор на Кристиано Роналдо со Реал Мадрид.

„Сакам да кажам дека оваа награда немаше да биде возможна без помошта на колегите и фудбалерите. Особено му благодарам на татко ми“, изјави Мендеш.

Жорге Мендеш во изборот ги победи Мино Раиола и Алесандро Лучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…