Дома Трансфер зона Хрватите во „транс“, човекот кој три сезони настапуваше за Арсенал наскоро соиграч на нашиот Жута!?

Хрватите во „транс“, човекот кој три сезони настапуваше за Арсенал наскоро соиграч на нашиот Жута!?

Тимот на Ријека би можела да ги израдува своите навивачи во јануари со доведувањето на искусниот напаѓач кој своевремено го носеше дресот на Ријека.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска и човек кој настапуваше за Арсенал, Едуардо Да Силва би можел да се врати во Хрватска.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Контактот помеѓу управата на Ријека и Едуардо Силва е воспоставен, а фудбалерот би можел да пристигне веднаш по истекот на неговиот договор со Атлетико Параненсе.

Самиот фудбалер потврди дека се водат преговори околу иднината неговата кариера.

„Можам да ви кажам дека бев на вечера во фудбалско друштво и дека зборувавме на тема, враќање во Хрватска. Сакам да бидам блиску до Хрватска и Загреб“, изјави Едуардо Да Силва.

Да потсетиме во редовите на Ријека настапува македонскиот интернационалец, Леонард Жута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…