Дома Фудбал Барса наместо МСН сега има МТР: Ова се трите „столба“ на Каталонците!

Барса наместо МСН сега има МТР: Ова се трите „столба“ на Каталонците!

Како што се приближува крајот на првиот дел од сезоната медиумите започнуваат со детални анализи од досегашниот дел на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така „Марка“ објави текст со заклучок за тоа кои се трите главни столба на Барселона, која оваа сезона игра фантастично и е неприкосновен лидер во Примера.

Според анализите кои ги направи медиумот јасно е дека се испрофилираа три клучни играчи во формацијата и визијата на Валверде, а тоа се Лео Меси, Тер Штеген и Иван Ракитиќ.

Имено, само овие тројца фудбалери ги одиграа сите 17 првенствени натпревари за Каталонците. Меси, без изненадување, ги одигра сите првенствени минути, а Ракитиќ одмараше само во незначајниот натпревар против Мурсија во Купот.

Барса со заминувањето на Нејмар ова лето остана без препознатловото напаѓачко трио „МСН“, но Валверде брзо се снајде и пронајде еднакво ефикасно решение.

Тој се одлучи за сигурсност во одбраната која на дава Тер Штеген, моќта на Меси која ја дава во нападот и креативноста на средниот ред каде диригира Ракитиќ – Барса сега има ново трио „МТР“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …