Дома Македонски спорт Мак ракомет ЖРК Вардар ќе почне да бара брзо решение: Пенезиќ одлучи да и стави крај на кариерата

ЖРК Вардар ќе почне да бара брзо решение: Пенезиќ одлучи да и стави крај на кариерата

Хрватската репрезентативка и ракометарка на Вардар, Андреа Пенезиќ во интервју за ТВ Арена истакна дека во јуни најверојатно ќе и стави крај на својата професионална кариера.

Со оглед на тоа дека има 32 година, како причина за своето пензионирање, Пенезиќ ги наведе завршувањето на студиите како и посвета и внимание кон своето семејство.

Хрватската ракометарка и стави крај на репрезентативната кариера во септември, а со Вардар има договор до јуни 2018. година, кој по се изгледа ќе го испочитува до крај.

Освен Пенезиќ, Вардар ќе се збогува и со Лакрабер, па така црвено-црниот тим ќе има далеку потешка задача во иднина, да најде соодветни замени и да го оддржи континуиетот на сите фронтови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…