Освојувачот на „Златната топка“ за 2007 година, Рикарко Кака конечно проговори за пропаднатиот трансфер од Милан во Манчестер Сити во јануари 2009 година.
Милан и Сити постигнаа договор за трансфер вреден 105 милиони евра, тогаш апсолутен рекорд во фудбалот, но Кака одби да се пресели на „Етихад“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ми се јави татко ми кој беше и мој агент, ми кажа дека е многу вознемирен и ми објасни дека еден англиски клуб му нуди на Милан премногу пари за мене. Уште пред да реагирам тој ми кажа дека „росонерите“ веќе ја прифатиле понудата. До тој момент немав никаков поим дека Сити покажува интерес за мене, бидејќи не пристапија кон трансферот на вообичаениот начин“, изјави Кака.
„Обично прво еден клуб се поврзува со агентот на фудбалерот, но тие прво испратија понуда до Милан и дури тогаш ме прашаа дали се согласувам. Сосема нормално беше да седнам и да размислам за понудата бидејќи платата која му ја предлагаа беше неколку пати поголема од таа која ја заработував во моментот“.
„На крајот сите детали беа договорени и се очекуваше само да потпишам, но нешто ми кажуваше дека не е вистинскиот момент. Не бев сигурен во проектот на Сити, а јас претпочитав да останам во еден од најголемите клубови во историјата како што е Милан. Таму ми беше сигурно, а Сити тогаш за мене беше нешто непознато“, раскажа Кака.
Само 6 месеци покасно Бразилецот се пресели во Реал Мадрид за сума од 75 милиони евра.