Дома Фудбал Нагатомо открива: Хандановиќ е „незгоден“ цимер

Нагатомо открива: Хандановиќ е „незгоден“ цимер

Фудбалерот на Интер, Јуто Нагатомо секогаш ја дели собата со голманот Хандановиќ, а во инетрвју за клупскиот канал откри зошто Словенецот е „незгоден“ цимер.

„Хандановиќ за време на натпреварите е многу сериозен и потполно сконцентриран на мечот, но приватно е голем шегобиец. Секогаш сме во иста соба, но неговиот проблем е што тој во 20:00 часот е веќе заспан, додека јас сакам да гледам натпревар на ТВ“, открива Нагатомо.

Јапонецот е член на Интер од 2011 година и за тоа време беше соиграч со бројни фудбалски ѕвезди.

„Баш добар однос имав со сите останати ’заебанти’, како на пример Весли Снајдер или Антонио Касано“, додаде Нагатомо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…