Дома Трансфер зона Официјално: Коман Баварец до 2023 година!

Официјално: Коман Баварец до 2023 година!

Францускиот репрезентативец Квинсли Коман стави потпис на нов договор со Баерн Минхен и ја продолжи верноста со Баварците до 2023 година.

Коман пристигна во Баерн на позајмица од Јувентус во 2015 година, но Баварците го откупија неговиот договор за 28 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Францускиот крилен напаѓач до сега запиша 84 настапи за Баерн на кои постигна 12 гола, а на „Алијанц Арена“ веруваат дека тој е иднина на клубот.

Поради тоа му понудија нов договор на 21-годишниот фудбалер кој на „Алијанц Арена“ ќе остане до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…