Тимот на ПСЖ наскоро би можел да добие одлично засилување.
На сите им е добро познато дека ПСЖ е под истрага поради ангажирањето на Нејмар и Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од Париз успеа да снајде и да пронајде „дупка“ во системот. Нејмар самиот си ја плати клазулата, додека Мбапе го доведоа на позајмица со опција за откуп наредното лето за сума од 180 милиони евра.
Во текот на денешниот ден се појави и информацијата за создавање на инвестициониот фонд преку кој ќе го доведат талентираниот Бразилец. Повеќе за тоа ТУКА.
Сега најновите информации говорат дека Ал Џезеира има намера да го отпушти 32 годишниот фудбалер од средината на теренот, Ласана Диара, кој во клубот пристигна во април.
Наводно тие ја исполниле бројката на странци и имаат намера да се откажат од поранешниот фудбалер на Челзи, Арсенал и Реал Мадрид, а тука своја шанса гледа ПСЖ.
Иако спортскиот директор Ентеро Енрике изјави дека на клубот од „Паркот на Принцовите“ не му се потребни засилувања во средниот ред, Диара би можел да биде од корист.