Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Киеран О’Хара денес стави потпис на нов договор со англискиот гигант.
На официјаниот сајт на Манчестер Јунајтед стои дека голманот од Северна Ирска со новиот договор се обврал на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2020 година.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
О‘Хара не криеше дека е пресреќен што потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор и знам дека ова е вистинското место за мене да продолжам да ја градам својата кариера. Ќе продолжам да ги слушам посикусните и да давам се на тренинзите“, изјави младиот голман.
Со овој потег Манчестер Јунајтед покажа дека смета на 21-годишниот голман за во иднина.