Дома Трансфер зона Гвардиола потврди: Во јануари ќе купиме дефанзивец!

Гвардиола потврди: Во јануари ќе купиме дефанзивец!

Манчестер Сити оваа сезона игра фантастично и руши рекорди во Премиер лигата, но Гвардиола сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

„Граѓаните“ се борат на три фронта – Премиер лигата, Лигата на шампиони и Купот, па Гвардиола јавно потврди дека сака да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Џон Стонс и Бенџамин Менди се повредени и подолго ќе отсуствувата од терените, а Винсент Компани има постојано проблеми со повреди.

„Во одбрана располагаме со многу ограничен број на фудбалери и тешко ќе издржиме на сите фронтови. Ќе видиме што ќе се случи во јануари, потребен ни е централен дефанзивец“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…