Дома Видео (Видео) МАЈСТОРОТ ОСТАНУВА МАЈСТОР: Фалкао постигна гол од пола терен

(Видео) МАЈСТОРОТ ОСТАНУВА МАЈСТОР: Фалкао постигна гол од пола терен

Радамел Фалкао оваа сезона блеска во Монако, за кого постигна веќе 17 гола во сите натпреварувања.

Искусниот Колумбиец синоќа во дуелот со Каен беше стрелец на еден од двата гола на својот тим во победата од 2:0, но тоа што го направи е вистинска мајсторија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се играше 85. минута кога Фалкао ја прими топката на центарот на игралиштето и без размислување шутираше кон противничкиот гол. Голманот на Каен, Самба не беше баш добро поставен и на своја кожа почуствува колку Колумбиецот е опасен, дури и кога е оддалечен од голот 40 метри.

Мајсторијата на Фалкао дефинитивно ќе конкурира за еден од најубавите голови во Франција оваа сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…