Дома Фудбал Англија Мурињо прави глупави потези и казнува погрешни играчи

Мурињо прави глупави потези и казнува погрешни играчи

Џон Гилс, некогашен играч за врска на Манчестер Јунајтед, остро го критикуваше менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Португалецот неодамна жестоко ги обвини Лук Шо и Крис Смолинг за „предавство“ бидејќи не можеа да играат, а Гилс смета дека Мурињо претерува со обвинувањата кон овие фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тој ги обвинува и им ги крати платите бидејќи смета дека ги лажирале повредите. Тоа му е глупав потег и така само може да и наштети на екипата. Наместо скапите засилувања, тој ги казнува момците кои се најмалку виновни и тоа според мене е најголемиот грев на Мурињо во Јунајтед. Со играчите треба да имате добар однос во соблекувалната, а не да ги навредува и обвинува за предавство“, смета Гилс.

Пред последниот меч од Премиер лигата против Свонси, дуото се пожали на повреда пред самиот натпревар, па Мурињо беше принуден да го менува составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…