Дома Фудбал Лига на шампиони Тренерот на ПСЖ ги изненади сите: Ова НЕ е најтешкиот ждреб, се радуваме на предизвиците

Тренерот на ПСЖ ги изненади сите: Ова НЕ е најтешкиот ждреб, се радуваме на предизвиците

Најинтересен двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите секако ќе биде оној помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Ова се два тима кои сигурно сакаа да одат до самиот крај, но топчињата сакаа еден од нив натпреварувањето да го заврши на самиот старт во нокаут фазата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Играчкиот кадар на „кралевите“ според „Трансфермаркт“ денес вреди 743.80 милиони евра, додека оној на ПСЖ вреди 648.80 милиони евра. Но, сето тоа се нереални бројки ако се знае дека само еден Нејмар вреди 222 милиони евра.

Сепак тренерот на ПСЖ, Унаи Емери смета дека ова не е најтешкиот ждреб.

„Мислам дека ова за нас не е најтешкиот ждреб, сигурно имаме квалитети и можеме да се носиме со Реал Мадрид. Во Лигата на шампионите морате да играте со најдобрите, а ние се радуваме на предизивците. Да, Реал е моќен тим, но и ние сме. Спремни сме да ги пречекаме“, порача тренерот на „светците“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…