Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде на свој начин го изрази воситувањето кон својот најдобар фудбалер Лионел Меси после победата над Виљареал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси синоќа постигна еден гол и се израмни со Герд Милер по бројот на голови за еден клуб, постигнати во водечките европски првенства.
„Тоа што го прави Меси е нечовечно. Наскоро ќе подобри уште многу рекорди и тоа не треба да го изненадува никого“, истакна Валверде.
„Натпреварот со Виљареал беше доста тежок. Ни создадоа многу проблеми, особено беа опасни од контранапади. Важно е дека победивме бидејќи и директните конкуренти запишаа победи ова коло“, заклучи тренерот на Каталонците.