Дома Фудбал Англија Кој ќе создаде проблем за Ливерпул, ако не Ловрен: Хрватот проба да се пресмета со арбитарот (ВИДЕО)

Кој ќе создаде проблем за Ливерпул, ако не Ловрен: Хрватот проба да се пресмета со арбитарот (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен, повторно е виновник што Ливерпул остана без три бода, и од градското реми извлече само бод.

Тој во големото дерби против Евертон направи прекршок за пенал од кој „Карамелите“ стгинаа до израмнување за конечни 1:1.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Дефанзивецот на „Црвените“ не можеше да се помири со фактот дека арбитарот на мечот досуди пенал. Протестираше по одлуката, но жесток напад над судијата имаше дури по завршувањето на мечот.

Ловрен сметаше дека одлуката е погрешна. Одлучи да се пресмета вербално со Павсон, па се упати по последниот свиреж кон него.

Во тоа го спречија клупските колеги, Милнер и Хендерсон. Со овој потег се чини тие го спасија од казна која би ја заработил поради дополнителен приговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси „отпиша“ една од најголемите ѕвезди: Додека сум јас селектор – нема да игра!

Српскиот селектор Драган Стојковиќ објави на прес-конференција дека играчот од средниот ре…