Во претпоследниот меч од 15. коло во Бундеслигата е одигран во вистинска зимска идила, Хановер на домашен терен славеше над Хофенхајм со 2:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По првото полувреме без погодоци, Фулкруг во 55. минута му донесе предност на домашниот состав, а сите дилеми околу победникот ги реши Мартин Харник пет минути пред крајот за конечни 2:0.
Така Хановер ја прекина црната серија од четири натпревари без триумф во Бундеслигата, и сега заостанува само бод на табелата зад денешниот ривал.
Хофенхајм остана на шестата позиција со 23 бода, а Хановер се проби на десеттата позиција со 22.
За потсетување, порано денес Кејн по големиот пресврт беше поразен на домашен терен од Фрајбург со 4:3.