Дома Фудбал Интер со грижи пред Штутгарт: Неизвесен и настапот на Зјелински

Интер со грижи пред Штутгарт: Неизвесен и настапот на Зјелински

Интер со грижи пред Штутгарт: Неизвесен и настапот на Зјелински

Проблемите во средниот ред го загрижуваат Интер пред средбата со Штутгарт во Лигата на шампионите. Покрај Хакан Чалханоглу, кој не се очекува да биде подготвен, под знак прашалник е и Пјотр Зјелински.

Полскиот репрезентативец има проблем со сводот на стапалото, поради кој го пропушти и неделното гостување кај Аталанта, завршено со 4-4. Според информациите на Џанлука ди Марцио, тој во вторникот претпладне тренирал индивидуално во Апијано Џентиле, наместо со остатокот од екипата. Неговиот настап во среда навечер останува неизвесен.

Во меѓувреме, клубот ги очекува резултатите од медицинските прегледи на Чалханоглу. Турскиот играч за врска беше заменет на полувремето против Аталанта поради проблем со бутниот мускул. Покрај дуелот со германскиот тим, веројатно ќе ја пропушти и пресметката со Џенова во Серија А претстојниот викенд.

Интер влегува во петтото коло од лигашката фаза со две победи и два пораза. Пред почетокот на вторничните натпревари, миланскиот состав е на 15. место, додека Штутгарт е веднаш над него, со еден бод повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс го смени мислењето за црвениот: Евертон без Тарковски во дербито?

На Џејмс Тарковски му се заканува суспензија од три натпревари, а Дејвид Мојс сè уште не з…