Дома Кошарка Евролигата подготвува летна лига: Шест екипи на стартот во 2027 година

Евролигата подготвува летна лига: Шест екипи на стартот во 2027 година

Евролигата подготвува летна лига: Шест екипи на стартот во 2027 година

Евролигата планира нов летен кошаркарски настан, чие прво издание би се одржало во 2027 година со шест екипи. Според информациите на „Еурохупс“, терминот е предвиден по завршувањето на домашните првенства, но пред почетокот на НБА Летната лига во Лас Вегас.

Засега нема избран град-домаќин. Проектот треба подетално да биде претставен на состанокот на Управниот одбор на 30 ноември, кога се очекува да бидат изложени сите детали за организацијата.

Планот предвидува настанот да трае околу десет дена, со натпревари распоредени во текот на една недела. На едно место би се собрале играчи и тренери од клубовите во Евролигата и Еврокупот, од американските универзитети, како и од кошаркарски програми во Африка и Азија.

Идејата не е само да се организираат натпревари. Летната лига треба да им даде простор на кошаркарите да се покажат, на скаутите да следат таленти, а на тренерите и другите професионалци да разменуваат знаења и искуства од различни кошаркарски средини.

Шесте екипи би биле почетна точка за проект што постепено би се проширувал, со цел да прерасне во редовен годишен настан во меѓународниот кошаркарски календар.

Новата иницијатива е дел од пошироките развојни планови на Евролигата. Како што посочил извршниот директор Чус Буено во разговор за „Еурохупс“, амбициите на организацијата одат подалеку од форматот со 24 екипи и приемот на нови клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Осум од осум, па засилување: Зак Браун е опција за Работнички

Непоразениот Работнички го разгледува Зак Браун како можност за засилување. Во плановите з…