Дома Кошарка Дончиќ ја презеде таблата на тајмаут, Редик им одговори на критичарите

Дончиќ ја презеде таблата на тајмаут, Редик им одговори на критичарите

Дончиќ ја презеде таблата на тајмаут, Редик им одговори на критичарите

За дел од јавноста спорна реакција, за Џеј Џеј Редик – токму она што го очекува од својот лидер. Тренерот на Лос Анџелес лејкерс застана зад Лука Дончиќ откако снимките од победата над Сакраменто предизвикаа критики на социјалните мрежи.

На нив Словенецот гласно им се обраќа на соиграчите, а во еден момент ја зема тактичката табла од помошничката Линдзи Хардинг за да покаже нешто за време на тајмаут. По неделниот тренинг, Редик објасни дека ваквото вклучување на играчите не е непожелно – напротив, стручниот штаб го поттикнува.

Првата минута од тајмаутот им е оставена на кошаркарите, за самите да разговараат за проблемите на теренот и да бараат решенија. Редик откри дека во последно време понекогаш порано седнува крај нив, но не се меша во разговорот.

„Тие ги решаваат проблемите во реално време. Ние го охрабруваме тоа, а Лука е предводник во тој дел“, порача тренерот на Лејкерс.

Редик не се согласува ниту со толкувањето дека Дончиќ ги води соиграчите од фрустрација. Притоа призна дека самиот бил многу лут поради лошо одиграната завршница од полувремето против Кингс: Лејкерс не ја искористиле можноста за два напада во однос на еден на противникот, а потоа не го реализирале ниту последниот напад. Наместо шанса за израмнување, разликата од четири пораснала на осум поени.

Токму таа секвенца, објасни 42-годишниот стратег, била дел од причината поради која го повишил тонот во соблекувалната на полувремето.

Лејкерс имаат 14 победи и три порази во регуларниот дел од сезоната 2026/27, ист биланс како Филаделфија и Сан Антонио на врвот во НБА. Следниот натпревар го играат во вторник, кога ја пречекуваат Јута во „Крипто.ком арена“, а Остин Ривс и натаму е надвор од составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Валенсија славеше јубилеј со рекорд: Му даде 129 поени на Бреоган!

На прославата на 40-годишнината, Валенсија постави клупски поентерски рекорд со победата о…