Дома Боречки спортови Тага во боксот: Ли Ривс почина на 31 година по тримесечна кома

Тага во боксот: Ли Ривс почина на 31 година по тримесечна кома

Тага во боксот: Ли Ривс почина на 31 година по тримесечна кома

Ли Ривс почина на 31-годишна возраст во понеделникот вечерта, по три месеци поминати во индуцирана кома. Ирскиот боксер беше тешко повреден на 1 август, во мечот против Гери Кали во даблинската „3Арена“.

Дуелот во велтер-категорија заврши со нокаут во десеттата рунда. Ривс во таа рунда двапати беше соборен, а потоа ја загуби свеста и беше изнесен од рингот на носилки. Поради сериозната повреда на мозокот, лекарите извршија итна операција.

Минатиот месец неговото лекување продолжило во Универзитетската болница во Лимерик, неговиот роден град, откако претходно бил хоспитализиран во Даблин. Според „Лимерик лидер“, семејството и пријателите се надевале на закрепнување, но во текот на викендот кај него се појавила нова инфекција.

Промотерската куќа „Квинсбери“, организатор на боксерската приредба, во вторникот наутро се огласи со порака на сочувство.

„Сите во Квинсбери сме скршени од веста за смртта на Ли Ривс. Ли беше исклучително талентиран боксер, но и вистински пример и инспирација за својата заедница“, се наведува во дел од објавата.

Зад Ривс останува професионален биланс од 16 победи и два пораза, со 11 победи остварени со нокаут. Во професионалниот ринг дебитираше во ноември 2018 година, откако претходно петпати стана аматерски шампион на Ирска.

Леворакиот боксер, висок 180 сантиметри, имаше активности и надвор од спортот: служел како војник и се залагал за подигнување на свеста за менталното здравје.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Лирија ја надмина тешката француска турнеја, во Париз ќе напаѓа бронза

Победата над Бонеуил луте ѝ донесе на Лирија место во дуелот за третото место во Франс про…