Дома Моторспорт Лосон останува во Формула 1: Тешкиот пат ме направи посилен

Лосон останува во Формула 1: Тешкиот пат ме направи посилен

Лосон останува во Формула 1: Тешкиот пат ме направи посилен

Лиам Лосон и Арвид Линдблад ќе останат тандемот на Рејсинг Булс и во 2027 година. Потврдата пристигна во четвртокот, со што завршија шпекулациите дека Новозеланѓанецот би можел да го загуби местото од Никола Цолов.

Добрите настапи сезонава му обезбедија на Лосон уште една година во болидот. Цолов, пак, засега ќе чека на својата шанса како резервен возач за двата тима од системот на Ред Бул.

За Лосон, останувањето е и можност да го продолжи напредокот по почетокот на кариерата во Формула 1 кој, како што признава самиот, бил потежок од сè за што претходно се подготвувал.

Во разговор за „Моторспорт вик“ за време на тркачкиот викенд во Мексико Сити, тој објасни дека строгите барања во програмата на Ред Бул го научиле рано да се справува со притисокот.

„Од многу млади години се соочуваме со потребата да бидеме цврсти. Тоа искуство пред Формула 1 помага кога ќе стигнете таму. Сепак, ништо од тоа не можеше вистински да ме подготви за почетокот на мојата кариера во Формула 1“, изјави Лосон.

Иако ја нагласи разликата меѓу подготовките и вистинскиот предизвик на највисокото ниво, неговиот заклучок за минатиот период е јасен:

„Кога сега ќе погледнам наназад, дефинитивно сум многу посилна личност поради тоа“.

Со решено прашање за својата иднина, Лосон сега може да се насочи кон следниот тркачки викенд. Шампионатот продолжува во Лас Вегас наредниот викенд.

Фото: Motorsport Week

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мерцедес повторно на тронот, Расел го посочи клучот: Волф не ги жртвуваше луѓето

По четири тешки сезони, Мерцедес ја освои деветтата конструкторска титула во Формула 1. Џо…