
Македонија ќе ги чека противниците за квалификациите за ЕП 2028 од третиот шешир. Ждрепката е закажана за декември 2026 година, а покрај нашата репрезентација, сигурно место во оваа група на носители има и Романија.
За македонскиот состав веќе е познато уште едно ограничување: нема да биде извлечен во група со пет репрезентации. Причината е баражот за опстанок во Б-лигата од Лигата на нациите, кој носи обврски во март, кога почнуваат и европските квалификации. Тоа значи дека нема да добиеме противник од петтиот шешир.
Остатокот од распределбата сè уште е проекција според привремениот пласман во Лигата на нациите. Преостанатите натпревари ќе го дадат конечниот состав на шеширите пред декемвриското извлекување.
Како изгледа моменталната распределба?
- Прв шешир: Потврдени се Шпанија, Португалија, Франција, Холандија, Англија, Грција и Италија. Според актуелната проекција, со нив би биле и Белгија, Данска, Германија, Норвешка и Хрватска.
- Втор шешир: Засега единствена сигурна селекција е Швајцарија. Моменталниот пласман тука ги сместува и Велс, Србија, Турција, Чешка, Шведска, Австрија, Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија и Косово.
- Трет шешир: Покрај сигурните Македонија и Романија, проектирани се Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.
- Четврт шешир: Во актуелната распределба се Белорусија, Кипар, Естонија, Фарски Острови, Финска, Ерменија, Бугарија, Молдавија, Луксембург, Казахстан, Летонија и Сан Марино.
- Петти шешир: Местата им припаѓаат на Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора и Лихтенштајн.
Белгија и Германија се многу блиску до потврда на статусот во првиот шешир. Во добра позиција се и Норвешка и Хрватска, кои сами решаваат за својот пласман преку дуелите со директните конкуренти за третото место на табелата.
За Македонија, почетната позиција е јасна. Имињата на ривалите на патот кон ЕП 2028 ќе ги дознае во декември, откако ќе завршат натпреварите во Лигата на нациите и ќе биде заклучена распределбата.
Фото: Република